Грчките медиуми за вчерашниот состанок на министрите на ЕУ

Меркел и Макрон со различни позиици на утрешниот самит во Брисел

„Совет за општи работи на ЕУ: Блокада на преговорите со Албанија и Северна Македонија“; „Не за Скопје и Тирана за почеток на пристапни преговори“; „Француска блокада на пристапните преговори на Скопје и Тирана“; „Франција- Холандија: Ја блокираат интеграцијата на С.Македонија и Албанија во ЕУ“; „Француско вето за пристапните преговори на Албанија и С.Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.

Медиумите во Грција, го пренесуваат текстот од државната новинска агенција АНА-МПА, како и од светските агенции, ја цитираат изјавата на комесарот за проширување и на финската министерка за европски прашања, но и објаснуваат дека за датумот за двете земји ќе се разговара на Самитот на Унијата на 17 и 18 октомври, jави дописничката на МИА од Атина.

„Советот за општи прашања на ЕУ не даде зелено светло за почеток на пристапни преговори со С. Македонија и Албанија, бидејќи Франција не се согласи, а некои други земји беа воздржани“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од текстот.

 

„Вето за прашањето за пристапните преговори за Албанија и за Северна Македонија стави Франција. Во ова прашање, француско -германската оска е поделена, при што Меркел и Макрон доаѓаат со различни позиции на самитот на ЕУ“, објави грчката државна телевизија „ЕРТ“.

„Министрите на ЕУ не успеаја да стигнат до договор за почеток на пристапни со Северна Македонија и Албанија“, пишува „Ефимерида тон синдактон“.

„По оваа разврска, случајот се упатува на Самитот што ќе се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел, кој веќе има огромна агенда што го вклучува Брегзитот, но и случувањата во Сирија“, објави грчката телевизија „Скај“.

Веста за состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ и недонесената одлука за Македонија и Албанија се најде и во денешните изданија на грчките весници. 

 

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе