ВМРО-ДПМНЕ: Мерката „Зелена нафта“ е популистичка и неефективна

Со мерката „Зелена нафта“ власта на СДСМ продолжува без срам да ги лаже граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со мерката „Зелена нафта“ власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Од оваа популистичка и неефективна мерка земјоделците нема да имаат никаква корист. Со оваа мерка СДСМ не ги решава проблемите на земјоделците. Тие имаат проблем со пласманот и цената на нивните производи.Поради лаги и лошите политики во земјоделието СДСМ треба веднаш да си замине од власт и да се распишат предвремени парламентарни избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и нагласуваат дека кога ќе победат на предвремените парламентарни избори ќе започне ерата на реални мерки за македонското земјоделство.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе