„Не може да се пазари со Заев”

Мемеди најави оставка од функцијата потпретседател на Собранието и од пратеник

Претседателот на НДП, Весел Мемеди денеска на прес-конференција рече дека не може да се пазари со премиерот Зоран Заев за размена на Министерството за локална самуправа, бидејќи оваа министерство им припаѓа на Албанците.

Мемеди, кој е и потпретседател на Собранието најави дека ќе поднесе оставка на функцијата потпретседател и ќе го врати пратеничкиот мандат, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата.

Ваквата одлука, како што кажа, партиските тела ја донеле откако Собранието го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фезлиу.

„Бидејќи целата јавност знае дека сме дале збор дека ќе ја кажеме вистината и само вистината, денеска ја информираме целата јавност за нашиот став. Како прво, не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе министри Албанци, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го доставам оваа министерство на коалициониот партнер на СДСМ”, рече тој.

Како второ, како што посочи, нема никакво морално право, ниту друго право, да жртвува една чесна и способна фигура како што е министерот Сухејл Фазлиу.

МИА

 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе