ДУИ со порака до Алијанса за Албанците

Мемеди: Градоначалникот на Гостивар потроши близу 17 милиони евра без капитални инвестиции

Помпозно, раководството на општината изјавија дека буџетот за 2020 година е реализиран со 98 проценти без да се споменат двата ребаланса направени на првичната проекција. Градоначалникот го нарекува успех трошењето на 16.686.647 евра само во текот на 2020 година, ама без капитални инвестиции, рече Газменд Мемеди, советник на ДУИ на прес конференција одржана во Гостивар, во која општина градоначалникот е од Алијанса за Албанците.

Помпозно, раководството на општината изјавија дека буџетот за 2020 година е реализиран со 98 проценти без да се споменат двата ребаланса направени на првичната проекција. Градоначалникот го нарекува успех трошењето на 16.686.647 евра само во текот на 2020 година, ама без капитални инвестиции, рече Газменд Мемеди, советник на ДУИ на прес конференција одржана во Гостивар.

Мемеди рече според градоначалникот потрошени се 391 илјади евра само во 2020 година за вработување на „партиски милитанти", кои земаат плати и остануваат дома.

„Градоначалникот вели дека реализирал 98% од буџетот трошејќи над 6.300 евра за телефонски услуги само за 2020 година, иако беше кажано дека трошоците за оваа позиција се нула. Градоначалникот потроши над 100 илјади евра за субвенционирање на јавните претпријатија, злоупотребени средства за партиски активисти кои примаат плати и седат дома и на крајот на месецот ги делат платите со директорите, и потоа за приватни цели, едниот во Казино, другиот за ручеци и вечери, третиот за ташни и трансфери на пари на банкарски сметки", рече Мемеди.

Тој нагласи дека и покрај големиот буџет не се одржуваат патиштата и улиците кои се во скандалозна состојба и нагласи дека и покрај прикажани трошоци не се одржувани ниту парковите,зеленилото ниту пак објектите од културата.

„Градоначалникот вели дека реализирал 98% од буџетот затоа што го зголемил долгот на општината. Да ве потсетиме дека долгот наследен во 2017 година беше помалку од 2 милиони евра. Од нив, владата плати скоро 1 милион евра. Денес долгот на општината се зголеми на 3.379.295 евра, така што имаме зголемување на долгот за над 2 милиони евра", рече Мемеди додавајќи дека нема резултати ниту во однос на собирањето на отпадот.

Советникот Мемеди нагласи дека завршната сметка на градоначалникот пред граѓаните не завршува со завршната сметка на буџетот.

„Бидејќи злоупотребил народни пари, ја злоупотребил и довербата на граѓаните. Сметката не завршува во Советот на општината, туку на изборите во октомври, каде граѓаните ќе го кажат своето мислење", му порача ДУИ преку својот советник во општината на градоначалникот Арбен Таравари од редовите на Алијанса за Албанците.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе