Во Букурешт

Мелескану-Џафери: Поддршка за почеток на преговорите со ЕУ за време на романското претседателство

Романија е подготвена да ги сподели искуствата и експертизата за текот на процесот и отворањето на поглавјата за полноправно членство во ЕУ и директно ќе се залага Република Северна Македонија во јуни да добие покана за датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, порачал романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелескану на средбата со претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери во Букурешт.

Мелескану, како што соопшти собраниската прес-служба, честитал за усвоените уставни измени и досегашните успешни чекори во реформскиот и интеграцискиот процес, потсетувајќи дека Романија досега пружила безрезервна поддршка на нашата земја во нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, а сега со романското претседателство со Советот на ЕУ, директно ќе се залага за Република Северна Македонија во јуни да добие покана за датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Џафери, пак, истакнал дека „Република Северна Македонија се залага за градење на добри и конструктивни билатерални односи со Романија, базирани врз конструктивен и отворен политички дијалог, партнерски однос и заемна соработка, особено на културен, образовен и економски план“.

На средбата се разговарало и за економската соработка, преку креирање на заемен Бизнис форум и трговска размена, како и за унапредувањето на правата на малцинствата претставувани во двете земји.

Инаку, денеска со гласање на Сенатот во Букурешт ќе се финализира процедурата за ратификација на Протоколот за НАТО во Романскиот парламент, откако Претставничкиот дом едногласно го поддржа на 27 февруари годинава.

 

 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе