Претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП

Мекалистер: Франција, Холандија и Данска да ја преведат германската резолуција за почеток на преговори со Скопје и Тирана

Што беше, беше. Тоа што на Советот во октомври не беше донесена одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија беше историска грешка и го разбирам разочарувањето во Скопје и во Тирана. Сега го чекаме хрватското претседателство со ЕУ и самитот во Загреб, вели претседателот на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент. 

Дејвид Мекалистер, како и сите европски дипломати говори за геополитичка, драматична и историска грешка, но останува оптимист дека во Загреб земјите членки ќе успеат да постигнат заеднички став за почеток на преговори и дека земјите од Западен Балкан ќе тргнат напред. 

Во меѓувреме, Мекалистер најавува дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе стори сѐ што може за да ги убеди другите земји дека треба да се донесе одлука за почеток на преговори со Македонија и со Албанија. 

Пред новинарите од земјите од Западен Балкан тој се наврати на октомврискиот Совет, изјавувајќи дека „исклучително нефер“ беше она што се случи со Северна Македонија бидејќи, како што рече, земјата покажа политичка волја и направи многу, па дури и го смени името. 

„Договорот од Преспа беше најдобрата вест од регионот. Сите беа среќни поради тоа. Потоа резолуцијата на германскиот Бундестаг требаше да биде мостот по кој ќе се помине до одлуката за преговори. Но, 3 земји имаа различно мислење, а едната од нив имаше суштинска улога“, рече Мекалистер. 

Неговата порака до Париз, Хаг и Копенхаген е да кажат какви реформи на Унијата сакаат за да можат членките брзо да донесат одлука. Тој останува на ставот дека е можно да се работи на реформа на Унијата и да се даде зелено светло за Македонија и за Албанија на самитот во Загреб. Мекалистер смета дека дури и Елисејската палата малку омекнал по едногласната реакција од сите други членки, ама сепак им препорача на Франција, Холандија и на Данска едноставно да ја преведат резолуцијата на Бундестагот со која се поддржа почетокот на преговори за двете земји. 

Мекалистер го повтори ставот на Европскиот парламент дека Западен Балкан останува приоритет и дека сите шест земји од регионот имаат европска перспектива. Сите одат кон ЕУ, вели тој, но со различна брзина и напредок. Според информациите во Брисел, оваа позира на Европскиот парламент ќе се потврди и во Загреб, каде што за првпат на самит ќе има и делагација на европратеници. 

Пред Комитетот за надворешна политика вчера говореше и одговараше на прашања од пратениците Комесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархељи. Тој најави дека многу скоро ќе го посети Париз и за новата методологија , за реформата на Унијата и за одлуката за Македонија и за Албанија ќе разговара и со претседателот Емануел Макрон. Но вети дека нема да се доведе во прашање европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Не сакам воопшто да влегувам во расправа за европерспективата на овие земји“, рече Вархељи. 

Без да говори за рокови Комесарот за проширување единствено навести дека би бил задоволен ако на крајот од неговиот петгодишен мандат „барем една земја да биде спремна за членство“.

 Жана П. Божиновска од Брисел 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе