„Можеби сме различни, но сите сме талентирани"

Меѓаши: Со фокусирање на силните страни на лицата со попреченост ги охрабруваме да се развиваат

Резултатите од кампањата „Можеби сме различни, но сите сме талентирани" што беше спроведена во периодот од април со август годинава во организација на Првата детска амбасада во Меѓаши беа презентирани на денешната прес-конференција во Скопје.

„Преку активностите и кампањата што ја спроведовме, а во рамки на која е и оваа публикација, сакаме да ја промовираме перцепцијата на децата и луѓето со атипичен развој како талентирани личности и да преминеме од перципирањето на нивната „попреченост" кон перцепција на нивните квалитети и способности како личности независно од типичноста на нивниот развој. На пример, децата со оштетен вид имаат извонреден слух, или, децата од аутистичниот спектар се одлични за брзо меморирање, учат да читаат на многу рана возраст...“, велат од Меѓаши.

Почнувајќи од јуни сè до крајот на август, како што беше посочено, биле објавени пет куси документарни филмови за пет исклучителни млади девојчиња и момчиња со попречености.

Во рамки на овој проект подготвени се видео записи не само за овие лица, туку се споделени приказни и на други лица со атипичен развој со цел да се потсети дека сите деца ги имаат истите права, без разлика дали станува збор за дете и млада личност со типичен или атипичен развој.

Во реализацијата на активностите биле вклучени и волонтерите на Ало Бушавко, телефонот за деца и млади.

„Видеата што беа објавувани на повеќе социјални медиуми, предизвикаа огромен интерес во јавноста, или изразено во бројки над 36 000 прегледи на петте видеа, голема поддршка за лицата со попреченост од јавноста преку нивните коментари за видеата и споделување на истите. За време на кампањата во рамки на проектот, посетеноста на инстаграм профилот на alobushavko во период од три месеци се зголеми за околу 30 отсто, или 16.789 импресии како резултат на видливоста на кампањата...., посочуваат од Меѓаши.

„Мојата стратегија во градењето инклузивна клима претставува мост помеѓу децата со пречки во развојот и светот кој треба да ги прифати како рамноправни, да ги сака и уважува. Принципот на работа со децата со пречки во развојот има за цел надминување на бариерите за учење, поттикнување целисходна комуникација и социјализација, пружање соодветна љубов, грижа и трпение што го заслужуваат, како и рушење на предрасудите и стереотипите најчесто поврзани со нивните способности и потреби. Перцепцијата за лицата со попреченост дека се немоќни лица, лица на кои им е постојано потребна туѓа помош, и дека се лица кои малку нешта можат да направат сами е погрешна. Напротив, фокусирајќи се на нивните силни страни, способности и таленти ги охрабруваме да се развиваат и афирмираат“, вели Билјана Теовска, специјален едукатор и рехабилитатор од ООУ „Стив Наумов" од Скопје, која даде стручна поддршка и насоки при водењето на кампањата.

Проектот е финансиран од Институтот за комуникациски студии (во рамки на проектот „Репортинг диверзити нетворк“, финансиски поддржан од ЕУ.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе