ЗА АЛСАТ-М

Меџити: Имаме писмен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ прифати и двојазичност и казни ако не се спроведува

Градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, синоќа во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М изјави дека ВМРО–ДПМНЕ прифатиле и повеќе од тоа што првично се барало од страна на албанските партии, освен СЈО.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ го прифатила официјализирањето на албанскиот јазик, Меџити одговара: „Да, и не беше проблемот во албанскиот јазик, туку дијаметралната разлика меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ беше продолжувањето на мандатот на СЈО и гласањето на законот за заштитени сведоци“.

Меџити додава дека мандатот на СЈО била точката за која ВМРО-ДПМНЕ не сакале ни да слушнат.

„ВМРО-ДПМНЕ прифати и двојазичност и казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански. Сè прифатија, само за СЈО не сакаа да слушнат. Затоа не ни успеа коалицијата со нив. И за ова имаме писмени докази“, изјави Меџити. 

 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе