Медиумите најавуваат посета од Макрон, Владата не може да потврди

Македонските медиуми, повикувајќи се на информации од албанските медиуми, пренесуваат дека францускиот претседател, Емануел Макрон идниот месец ќе ги посети Северна Македонија и Албанија.

На прашањето на МКД.мк до Владата дали има најава за посета на Макрон, од таму велат дека „не можат да потврдат таква информација”. 

Самиот Макрон на прес-конференцијата што ја одржа по Самитот на ЕУ во Брисел, најави дека планира да дојде во Скопје и во Тирана на средби со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.

Посетата на Макрон на двете земји, наводно ја потврдиле дипломатски извори во Тирана за Exit.al. И албанскиот премиер Еди Рама, по денешната средба на раководството на неговата Социјалистичка партија, кажал дека наскоро ќе има многу значајни средби, меѓи кои и со Макрон, без да открие повеќе детали.

 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе