По локалните избори

Медиуми во Србија: Оставката на Заев невообичаен потег на Балканот, Арсовска ја преживеа бугарската афера...

Медиумите во Србија информираа за резултатите од локалните избори во Македонија, но главните вести се оставката на Зоран Заев и од премиерската и од партиската функција, како и победите на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Политички потрес на Балканот, оставката невообичаен потег на Балканот, но добра за демократијата, која е Данела Арсовска, прва жена градоначалник на Скопје и која ја преживеа бугарската афера, се дел од кометарите во српските медиуми.  

Главна вест во сите денешни срски медиуми се резултатите од локалните избори, а најмногу оставката на премиерот Зоран Заев, со тоа и на владата.

Синоќа, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција.

Заев поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ бара вонредни избори, јави РТС, Политика, „Предизвика земјотрес на Западен Балкан: Која е Данела Арсовска? Ја преживеа „бугарската афера", а потоа го победи Заев. Вести онлајн, „Избори во Северна Македонија: Зоран Заев поднесе оставка, Арсовска прва жена градоначалник на Скопје по 30 години" објави Вечерни новости, „Заев повеќе не е премиер на Македонија: Од полититката воопшто не е тешко да се отиде" пишува Правда, се сличните наслови во речиси сите медиуми.

Ал Џезаира под насловот „Поразот на Заев е воедно и пораз за ЕУ" го цитира скопскиот аналитичар Суад Мисини, кој кажа дека „победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија можеби нема да даде ветер во крилата на десницата, но секако ќе го поттикне антиевропското расположение не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан.

ТВ Н1 имаше специјална емисија за настаните во земјава во која професорот на Факултетот за политички науки Чедомир Чупиќ изјави дека „оставката на Заев е одлука која е апсолутно невообичаена за Балканот" и додаде дека „е добра за демократија, слобода и политички живот во Македонија".

„Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете, што не значи дека тоа е трајно повлекување, им покажавте на граѓаните дека сте одговорни“, кажа Чупиќ.

Вестите се пренесуваат од час на час, така што последните информации се однесуваат на состаноците и потезите на Заев околу прашањето на идното премиерско место и идната влада, што се предвидува во Уставот, и каде оди понатаму земјава.

Последна вест е откажувањето на доаѓањето на Заев во Белград на 3 и 4 ноември на закажаната средба со претседателот Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во рамки на иницијатаивата „Отворен Балкан", како и дека ќе дојде друг преставник од Македонија.

МИА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе