Софија

„Медиапул“: десет пати „зошто“ за бугарската Влада за ветото за Македонија

Во време кога Софија и Скопје се препукуваат и си испраќаат пораки „за“ и „против“ бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, изнесувајќи сопствени аргументи, бугарскиот портал „Медиапул“ објави, како што ги нарекува, десет незгодни прашања за бугарската Влада за бугарското вето за Северна Македонија.

1. Зошто Бугарија го предложи контроверзниот бизнисмен Јордан (Орце) Камчев за свој почесен конзул во Скопје и така се поврза со корупциските скандали кои го тресат западниот сосед. Прво Владата молкум го предложи најбогатиот Македонец за конзул, а потоа на истиот начин се откажа од неговата кандидатура, без никакво објаснување. Според локалните медиуми, Бугарија се обидела да го „спаси“ Камчев од истрагата, а потоа дури и му дала обезбедување.

2. Зошто Бугарија не покажа конзистентна политика и не го покрена прашањето за јазикот на омраза и кражба на историјата пред да се приклучи Северна Македонија во НАТО? Така, Софија дозволи нерешените билатерални прашања да се рефлектираат на Алијансата. Нешто што стана исклучително видливо кога се зборува за бугарското блокирање на преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во Европската унија.

3. Зошто владата си дозволи да го потпише Договорот за соседство со Скопје иако  претходно беше критикуван од експерти и од пратеници поради недостаток на механизми за спроведување и контрола? Дали Министерството за надворешни работи има доволно подготвени експерти за Северна Македонија за да формулираат јасни позиции (вклучително и без фактички грешки)?

4. Како се избрани членовите на историската комисија од бугарска страна и зошто владата ги изолираше од формирањето на бугарската позиција поумерените историчари и јавни личности?

5. Зошто премиерот го препушти дијалогот со Скопје на министерот за одбрана Красимир Каракачанов, чиј ресор како заменик-премиер не е надворешна политика и дали тој не му направи услуга во предизборни цели?

6. Ја потцени ли Бугарија темата, покажувајќи последните три години недоселна  политика кон Северна Македонија, вклучително и несогласување во тонот меѓу министрите и премиерот?

7. Зошто беше дозволено Бугарија да се најде во европска изолација? Бугарија очекуваше дека нејзините барања ќе се вклучат во преговарачката рамка на Северна Македонија, но тоа не се случи, иако другите земји-членки беа свесни за желбата на Софија. Партнерите во ЕУ не ги разбираат бугарските мотиви за вето, особено поради фактот дека Софија беше главниот поддржувач на европската перспектива на регионот и ја направи оваа кауза приоритет на своето прво претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.

8. Дали бугарската влада стана „сојузник“ на проруската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која ги  користи билатерални односи против владата на Зоран Заев и во голем степенот е одговорна за јазикот на омраза кон Бугарија?

9. Има ли бугарската Влада стратегија за да се поправи штетата во однос на довербата и односот на обичните македонски граѓани кон Бугарија?

10. Зошто Бугарија си дозволи да се претвори во „нова Грција“ за Северна Македонија, а  Атина да го чува нивното небо и да нарачува вакцини на европско ниво за оваа држава?

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе