признание

Медал од Путин за Мирка Велиновска

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак ѝ врачи медал „70-години од победата“ на новинарката на „Нова Македонија“ Мирка Велиновска.

Со одлука на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, овој медал ѝ е доделен на Велиновска за нејзиниот голем придонес за зачувување на историската меморија за Втората светска војна, за борбата против фалсификувањето на историјата и за антифашистичкото воспитување на младите генерации.

Путин, кој воедно е претседател на организацискиот одбор „Победа“, по повод 70-годишнината од победата над фашизмот, донесе одлука за востановување медал кој се вика „70-години од победата“ и кој им се доделува на луѓе и на организации кои дадоа голем влог во антифашистичката дејност, пропагандата итн.

Во Република Македонија медалот освен на Велиновска, веќе му е врачен и на проф. д-р Велимир Стојковски, ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а доделен им е на Ѓорге Иванов, Живко Мукаетов и на Музејот на холокаустот, на кои дополнително ќе им биде врачен.

„Наградата не ја доживувам лично, туку ја доживувам како обврска, односно континуитет на нашата генерација кон генерацијата на нашите родители кои ја биеја таа битка, и воедно како награда за „Нова Македонија“ која беше носител на антифашистичката борба во Македонија од своите почетоци и која ги постави темелите на македонската држава“, изјави Велиновска по добивањето на медалот.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе