Тирана

МД „Илинден“ со целосна поддршка за Васил Стерјовски за пратеник во албанското Собрание

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, преку соопштение за јавноста ја искажува поддршката за кандидатурата на Васил Стерјовски за пратеник на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на 25 овој месец.

Се наведува дека врз основа на договорот за коалиција меѓу Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и социјалистката партија Стерјовски е кандидат за пратеник во изборната листа на СП за регионот Корча.

„Сметаме дека за доброто на сите Македонци во Албанија треба да го продолжиме нашето присуство во албанскиот Парламент со наш достоен и достоинствен претставник, како што е м-р Васил Стерјовски. Коалицијата МАЕИ и СП ќе овозможи интеграција на Македонците во владините институции, засилен и брз економски развој на областите каде што живеат Македонци во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник и цела Албанија, како и заштита на македонските јазик, култура и обичаи“, стои во соопштението на друштвото.

Се оценува дека со досегашното присуство во албанскиот Парламент, Стерјовски покажал и докажал дека малцинските права најдобро може да ги одбрани човек кој потекнува од средината на тоа малцинство.

Се посочува и тоа дека досегашното присуство, иако во скратен мандат, Васил Стерјовски покажа дека македонското малцинство има достоен претставник на политичката сцена во Албанија, кој сесрдно се залага за правата и добробитта на македонското национално малцинство во Албанија.

„Поради тоа, ги повикуваме сите Македонци во Мала Преспа, Корча, Подградец, Девол и целиот регион на Корча, да излезат масовно и да гласаат за Васил Стерјовски број 12 и СП број 12 на парламентарните избори, со цел да имаат свој достоинствен пратеник во Парламентот на Република Албанија“, апелира друштвото „Илинден“ во соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе