Здружение на приватни аптеки

Mаските се со повисоки цени како резултат на неколкукратно зголемените цени од добавувачите

Здружението на приватни аптеки соопшти дека сака да се огради од шпекулациите на одредени субјекти, дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на Заштитните маски за лице.

Точно е, посочуваат од Здружението, дека цените на заштитните маски се зголемени, но тоа е резултат на неколкукратно зголемените набавни цени од страна на добавувачите.

Со вакви невистини се руши дигнитетот на аптеките кои се составен дел на здравствениот систем на државата. Воедно укажуваме дека фармацевтот во аптека, како најдостапен здравствен работник, секогаш е во функција на зачувување на здравјето на граѓаните , едукација за превенција и заштита од вирусни инфекции, како и евентуалната епидемија од коронавирус, стои во соопштението. 

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе