Билатералните спорови да не го попречуваат проширувањето

Мас: Скопје и Тирана се пример за неисполнети ветувања од ЕУ

ЕУ мора да го исполни даденото ветување за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, порача денеска германскиот министер за надворешни Хајко Мас, и додаде дека го разбира разочарувањето во регионот поради малиот напредок на процесот на проширување во текот на минатата година и се заложи за негово повторно придвижување.

„Иднината на сите шест држави од Западниот Балкан е во ЕУ. Германија е целосно посветена на оваа цел. Ако испорачате вие, ние исто така испорачуваме. Тоа мора и во иднина да биде нашиот пристап кон проширувањето на Европската унија”, рече Мас на онлајн средба со неговите колеги од земјите од Западниот Балкан.

Мас, како што ги пренесува МИА информациите од Дојче Веле, побарал од земјите во регионот да го зајакнат владеењето на правото, да ја засилат борбата против корупцијата и организираниот криминал, да ја заштитат слободата на медиумите и да создадат простор во кој ќе може да се развива демократијата, со што ќе се привлечат повеќе странски инвестиции,  ќе создадат услови за перспектива за младите луѓе и ќе запре иселувањето на квалификувани кадри од регионот.

Мас вели и дека од друга страна, и ЕУ мора да си ги исполни ветувањата, а како пример за тие неисполнети ветувања ги спомена Северна Македонија и Албанија. Двете земји, според него, остварија постојан напредок во судските реформи и во борбата против организираниот криминал и корупција, а со Договорот од Преспа, Скопје и Атина „демонстрираа историско политичко лидерство”.

Тој уште порачува дека за билатералните спорови не треба да има место на агендата на ЕУ.

„Сите знаеме дека внатрешната политика може да го ограничи опсегот на надворешната политика. И разбираме дека прашањата од историјата и идентитетот се деликатни. Но, ваквите билатерални прашања не треба да го попречуваат целиот процес на пристапување”, изјави Мас.

 

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе