Мас: Берлин сака брзо почнување на преговорите со Скопје и Тирана

По извештајот и позитивните оценки од Европската комисија за Македонија и за Албанија, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас рече дека Берлин се залага за брз почеток на преговорите за членство на двете земји во ЕУ.

„Двете земји направија јасен напредок во клучните реформи области, особено во зајакнувањето на судскиот систем и борбата против организираниот криминал. Ние ги споделуваме позитивните оценки на Европската комисија. Затоа се залагаме за брз старт на преговорите за членство во ЕУ. Пристапните преговори се најдобрата алатка што може да им се даде на Албанија и на Северна Македонија и најдобрата можна поддршка за понатамошен напредок“, оценува Мас.

Тој предупредува дека ако не се отворат преговорите тоа ќе биде штетно за двете земји, но и за ЕУ и Германија.

„Без охрабрувачки знак од ЕУ, ќе го загрозиме големиот напредок постигнат во последните години. Тоа ќе им наштети и на интересите на ЕУ и на Германија. Ни требаат стабилни, ефикасни и демократски држави на Западен Балкан“, истакнува Хајко Мас во писмената изјава објавена на веб страницата на германското МНР по објавените позитивни извештаи на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија и обновената препорака за старт на пристапните преговори.

Европската комисија во вчера објавените извешати, нагласува дека Скопје и Тирана ги исполниле критериумите за почеток на преговорите и оти очекува Советот на ЕУ во наредните недели да донесе позитивна одлука.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе