За разлика од вчера денеска пред Владата беше релативно мирно, а граѓаните кои вечерва, поради дождливото време ги имаше во многу помал број отколку претходните денови, бараа Владата да го отфрли францускиот предлог и упатуваа повици до полицајците: „Каде ви е достоинството”.
По кусо време тргнаа во марш кон Собранието, застанувајќи и пред Министерството за надворешни работи.