ВМРО-ДПМНЕ со барање за оставка на министерот Филипче

Марковски: Имаме најголема смртност во светот, а нема одговорност

И покрај највисоката смртност во светот, ако се анализираат само последниве месеци по милион жители, изостанува одговорност, чувство на грижа на совест, изостанува анализа и нема стручна комисија која ќе утврди дали и зошто имаме висока смртност, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, инфектологот доцент д-р Вело Марковски.

Загрижени сме како и сите граѓани за големата смртност, хаотичните мерки и немањето на стратегија за справување со ковид-19. Сметаме дека Македонија со други кадровски решенија може многу поуспешно да се носи со целокупната состојба во здравството, рече Марковски.

Тој наведе повеќе причини за одговорност на министерот Венко Филипче, а како прва ја наведе таа кога, како што рече, министерот на почетокот на кризата со ковид-19 заедно со Комисијата за заразни болести, надвор од научните сознанија, „направи стратегија да се спречи ширењето на кови-19, односно да се сведе на најмногу 2.000 позитивни случаи за цела држава", бројка што беше достигната на 26 мај.

Според Марковски, науката вели дека не е можно да се спречи ширење на горно респираторна инфекција, туку само може да се одложи. При тоа, вели, се презедоа драстични мерки иако епидемиолошката ситуација беше мирна и се потрошија повеќе од 1.5 милијарда евра, се стопира економијата, образованието, социјалниот и спортскиот живот.

Втората причина според Марковски е што не се избра модел, односно стратегија за справување со болеста, туку дека „со лажно прикажување на позитивните како заболени се направи непроценлива штета на државата, во тек на летото поради ваквите привидни бројки бевме изолирани скоро од сите околни држави".
Марковски потоа наведува дека „иако никогаш не се прогласи завршување на првиот бран, се дозволија голем број на јавни собири во тек на летото (концерти, свадби, прослави...), при што, како што нагласува и Комисијата за заразни болести се опушти и не се испланира почетокот на учебната година, не се одржа ниеден симпозиум или конференција за изедначување и доктринарни ставови за лекување на болните, ниту пак се изработија релевантни дијагностички протоколи.

„Со околу 28.000 позитивни случаи и 949 починати луѓе се бара вина кај народот, кај политичките опоненти, кај стручни лица, кај сите освен кај себе. За жал и покрај највисоката смртност во светот ако се анализираат само последниве месеци по милион жители, изостанува одговорност, чувство на грижа на совест, но пред се изостанува анализа. Нема стручна комисија која ќе утврди дали и зошто имаме висока смртност", изјави Марковски.

Тој наведува дека се направени над 230.000 ПЦР тестови и го поставува прашањето зошто и како некој дозволи ценат на тестовите да се движи од 30 до 100 евра, а понекогаш во итни случаи дури и по 200 евра по тест.
Марковски забележува дека не се направи специјално тело за справување со ковид-19. Според него, проблем е што во работата на сегашната Комисијата не е вклучен ниеден специјалист инфектолог кој работел најмалку 10 години на одделение за респираторни инфекции.

„Бидејќи се обврзавме дека здравјето на сите ни е најважно, се прашувам дали навистина е така. Во период кога очекуваме епидемија со сезонски грип, судирот на ковид-19 и грипот е сериозна закана. Сезонскиот грип ќе ги исполни болниците, ќе ги десеткува здравствените работници, ќе ја зголеми смртноста и паниката. Водејќи грижа само за болните од ковид-19 ги запоставивме хроничните болни, болните со малигни заболувања, систематските прегледи, превентивните мерки итн", нагласува Марковски.

Тој вели дека во период во кој е започната сезоната на настинки и на други респираторни заболувања се тестира само за коронавирусот. Прашува дали Министерството за здравствов размислуваше да обезбеди тестови и за други причинители како адено вируси, инфлуенца, пара инфлуенца, микоплазма, инфекции кои тешко клинички се разликуваат од корона вирусни инфекции.

„Во есенските и зимски месеци мораме паралелно со Сарс ков -2 да тестираме за уште десетина можни причинители на горно респираторни инфекции", изјави Марковски и рече дека иако според препораките од СЗО вакцината против грипот треба да почне да се дава во месец октомври, дека во Македонија се доцни и дека и тоа е причина за оставка на Филипче.

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе