Прес-конференција на СДСМ

Маркоска: ВМРО-ДПМНЕ незрело и деструктивно се однесува кон пандемијата

Една година светот и државата се соочуваат со пандемија од коронавирусот. За целиот овој период граѓаните видоа силна посветеност на Владата, на инситуциите и здравствениот систем во борбата против коронавирусот. Но, за истиот период, граѓаните видоа и деструктивно, незрело однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, изјави на прес-конференција пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска.

„Уште од самиот почеток од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа на страната на вирусот, правеа и сѐ уште прават сѐ за да му наштетат на здравствениот систем. Први велеа дека короната не постои, дека е алиби на СДСМ за одлагање на изборите. Потоа Мицкоски лажеше дека немало доволно тестови, дека немало заштитна опрема за здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ прво се противеше на воведувањето вонредна состојба, а потоа бараше нејзино продолжување во недоглед“, рече Маркоска.

Во меѓувреме, како што додаде таа, Мицкоски беше прв што кршеше мерки, одеше по фитнес центри и делови на ресторани кои не смееја да работат.

„Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски, велеше дека вирусот не постои дека маските не се потребни и ги поттикнуваше граѓаните да ги кршат мерките. Преку својата заменичка министерка за финансии во преодната Влада, ВМРО-ДПМНЕ кочеше заем од Светска банка за поставување на нови модуларни ковид центри низ државата. Денес, оваа партија предводена од губитникот Мицкоски шири лажни документи со лажни цени со цел да го поткопа процесот за набавка на вакцини против коронавирусот“, нагласи пратеничката.

Истовремено, рече, ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го кочи процесот за изградба на нов Клинички центар во Ѓорче Петров, прв што ќе се гради во државата по цели 80 години.

„Ете колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за јавното здравје и за здравствениот систем. Овој однос на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на граѓаните и јавното здравје“, нагласи Маркоска. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе