За спроведување на најважната статистичка операција по 20 години

Маричиќ за пописот: Нормално е кога прв пат правите нешто да има технички проблеми

Работиме заедно и на решавање на проблемите, меѓутоа и на спроведување на оваа најважна статистичка операција по 20 години, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, кој уште додаде дека е во секојдневна комуникација со тимот на Државниот завод за статистика.

„Заклучно со вчерашниот ден попишани се, од теренскиот попис, 618.000 граѓани, и тоа е за првите седум, осум дена се навистина сериозен резултат особено со оглед на тоа што имаше два дена технички проблеми коишто за среќа успешно ги надминавме“, рече Маричиќ.

Додаде дека ние за првпат спроведуваме попис по оваа методологија со нова технологија, со современи технологии.

„Првпат спроведуваме попис без хартија и со таблети коишто во исто време 5.000 попишувачи внесуваат податоци. Нормално е кога за првпат правите нешто, кога за првпат е креирана таква аплликација и таков систем да се јават и технички проблеми. Тоа се случувало и во други држави, во Италија, и во други да не ги споменувам, имало поголеми застои, но пописот продолжува“, истакна министерот Маричиќ.

Тој исто така наведе дека со сите тие технички проблеми, хакерски упади, со помош на тимот на ДЗС, компаниите коишто ја спроведуваат апликацијата, МВР и Телеком со заеднички сили успеале да ги решат сите проблеми.

– Колку што знам стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај. Мислам дека имавме случаи кога граѓани коишто на почетокот одбиле, подоцна се попишале и увиделе дека операцијата тече добро, трае кратко, безбедно и по протоколи, рече Маричиќ.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе