Маричиќ за изјавата на Закаријаш: Поважно е што пишува во документите

Поважно е што пишува во документите, отколку она што го изјавила министерката за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Закаријаш дека „македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот“.

„Ние португалскиот предлог го разгледувавме врз основа на тоа што ни беше доставено како документ, а не врз основа на вчерашните изјави. Она што го видовме во документот и она што го има во предлогот во преговарачката рамка во ниту еден момент не го одразува ова што го кажавте вие. Во преговарачката рамка е наведен ‘македонскиот јазик‘ без никакви додавки, во предлогот исто така нема доведување во прашање на посебноста на македонскиот јазик. Посебноста на македонскиот јазик и нашиот македонски идентитет ниту биле, ниту може да бидат предмет на какви било преговори“, изјави Маричиќ.

Вчера премиерот Зоран Заев рече дека државниот врв ќе ја анализира изјавата во видео-форма по што ќе биде одлучено како ќе се реагира понатаму.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе