петок, 19 април 2024

Германскиот канцелар бара од сојузниците на НАТО да испорачаат шест системи Патриот на Киев

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази надеж дека членките на НАТО наскоро ќе испорачаат шест системи за противвоздушна одбрана Патриот на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се надеваме дека ќе се најдат уште шест во рамките на НАТО и ја искористив можноста да го застапувам ова во многу дискусии тука“, рече Шолц во четвртокот на крајот од вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел, додавајќи дека Германија веќе вети дека ќе испорача еден, објави Ројтерс.

Шолц рече дека украинските лидери побарале седум дополнителни системи за противвоздушна одбрана Патриот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да побара дополнителна воена поддршка за битката против руската сеопфатна воена инвазија на кризната средба со министрите за одбрана на ЕУ во петок, пренесува ДПА.

Зеленски на почетокот на април рече дека ќе бидат потребни 25 противвоздушни ракетни системи Патриот за целосна заштита на украинскиот воздушен простор.

Тој, сепак, рече дека дури и само седум дополнителни системи Патриот ќе бидат доволни за одбрана на најважните цели од руски напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ