Маричиќ вели дека не добиле официјален предлог, се било сведено на неофицијална комуникација

Ние не сме добиле официјален предлог. Официјално претставување на документи што не се официјално добиени не може да има. Се беше сведено на неофицијална комуникација, исто како што сите ние го добивме во одредена точка пред неколку дена и во моментот директно им ги соопштивме нашите забелешки и на претседателот Шарл Мишел и на претседателот Макрон и на највисоко ниво премиерот и претседателот на државата и останатите учесници, информира вицепремиерот за еворинтеграции Бојан Маричиќ на Топ тема на Телма.

Бидејќи не постигнавме согласност ниту за евентуален документ во форма на протокол, ниту пак за овие документи заклучоци, преговарачка рамка, тие го претставија така како што е нецелосен, незавршен, дополни вицепремиерот за евроинтеграции.

Маричиќ порача дека јавноста, аналитичарите, новинарите и коалициските партнери треба да имаат доверба дека Владата и владиниот тим што преговара секогаш се грижи за нашиот интерес.

Имаме, посочи, двоен интерес - од една страна да го сочуваме нашиот идентитет и јазик и сите наши обележја и достоинствено да влеземе во преговорите со ЕУ, и од друга страна имаме интерес да ги почнеме преговорите со ЕУ.

„Ние сметаме дека е логично да се уважи во 21 век на европска нација да ѝ се уважи правото на јазик и тоа е сметаме во овој предлог уважено. Како бугарската страна ќе го изрази својот став еднострано, тоа е прашање на дипломатска техника, но нам ни е важно тоа да не ја обврзува ЕУ и во преговарачката рамка“, рече Маричиќ.

Во соработка со нашите партнери, нагласи тој, и од ЕУ и од САД, дојдовме до заклучок дека е најдобро во овие денови кога се случува политичката судбина на Петков и на неговата Влада, не треба да излегуваме во јавност за да не влијаеме на гласањето на довербата на Владата таму или на оценката на предлогот од нивна страна. Во ниту еден момент, дополни, не сме се воздржале  да ги кажеме нашите заклучоци и тоа што го соопштивме вчера го соопштивме на сите нивоа.

Во врска со тоа дали коалициските партнери биле информирани во однос на францускиот предлог, вицепремиерот Маричиќ наведе дека имале дискусии за нашите позиции и во минатото и во рамки на партиите и помеѓу коалициските партнери. Тој истакна дека во преговорите комплетно се држеле до програмата на Владата што ги утврдува рамките за преговарање со Бугарија, Декларацијата изгласана во Собранието и јавното мислење.

Вицепремиерот Маричиќ меѓу другото уште еднаш посочи дека не е спорно внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот и потенцира дека доколку ги отвориме преговорите, ќе имаме аргументи и доволно време во текот на подготовките и во наредните фази да ја завршиме и оваа обврска затоа што не е спорна.

„Но временски, политички како процес кога би го направиле, тоа останува да се договориме. Нам ни е битно да ги започнеме преговорите за тоа да влезе во одреден тек, отколку да биде поставено за предуслов за почнување на преговорите“, изјави вицепремиерот Маричиќ.

„Договорот за пријателство и добрососедство има свои инструменти на функционирање. Историската комисија е дел од тој договор, исто така и овие протоколи. Тоа е билатерално прашање меѓу нас и Бугарија. Тој протокол не може да биде услов во преговорите, ниту да биде спомнат во преговарачката рамка“, порача вицепремиерот.

Во однос на бугарското барање да се вклучи референца за протоколите кои произлегуваат од Договорот за пријателство и добрососедство во преговарачката рамка, како и за потпишување на билатералниот протокол составен од историски, образовни услови и идентитетски прашања, како што бил преговаран и усогласен меѓу двете министерства за надворешни работи, вицепремиерот Маричиќ тврди дека не е усогласен текстот на протоколот, не е договорен и не е потпишан, и оти се уште отворени прашања за кои мора да се разговара.

„Рамката е документ што го зацртува патот за наредните 10 години или колку и да се, како ќе изгледа текот на преговорите со ЕУ и е основа за договорот за пристапување кон ЕУ. Меѓу секоја меѓувладина конференција има услови секогаш, во сите преговори. Во однос на ова, ние не велиме да нема услови помеѓу, тоа ќе има по сите основи. Битно е ние да ги почнеме преговорите. Моментот кога ќе ги почнеме преговорите, го започнуваме скрининг процесот, значи аналитички анализа на нашето законодавство и практики, во однос на практиките и законодавството на ЕУ“, појасни Маричиќ.

Тој нагласи дека за нас било важно првата меѓувладина конференција да не биде симболична, туку да означува реален почеток на преговорите.

„Доколку тоа се случи ние можеме понатаму да разгледуваме кога и како и во кој рок може да се извршат уставните измени. Нашиот став од самиот почеток беше дека тие измени се возможни и можат да се направат до крајот на заклучувањето на преговорите“, изјави Маричиќ

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе