Министерство за правда

Маричиќ: Со ВМРО-ДПМНЕ интензивно преговараме за отворени листи на локалните избори

Изборниот законик остана незавршена тема за претходното мнозинство, бидејќи немаше политичка волја за една изборна единица, брифираше денеска Бојан Маричиќ, министерот за правда.

Тој вели дека во претходниот период се воделе интензивни преговори со претставници на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за отворени листи на претстојните локални избори, кои треба да се одржат есента догодина. Планот е до април наредната година, шест месеци пред локалните избори, да бидат усвоени измените во Изборниот законик за отворените листи. ЕУ инсистирала да не се менуваат правилата на игра непосредно пред одржувањето на избори, брифираше денеска министерот за правда.

„Отворените листи на локалните избори ќе бидат тест за наредните парламентарни избори. Но, морам да напоменам, зашто во дел од медиумите бев погрешно протолкуван, отворените листи не значат една изборна единица. Особено за локални избори нема таква можност, но за ова прашање ќе се разговара и понатаму“, рече Маричиќ.

Министерот брифираше и за процесот на пречистување во правосудството. „Ова не е процес на прогон. Целта е да се откријат судиите кои работат нечесно и непрофесионално“, рече Маричиќ и додаде дена од почетокот на идната година ќе почне процес на следење на 50-тина судски случаи од висока корупција, проект кој ќе се реализира во соработка со ОБСЕ и ЕУ.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе