Маричиќ прогнозира: До крајот на декадава може да станеме членка на ЕУ ако добро ги водиме преговорите

Во моментот кога Протоколот ќе биде целосно усогласен и договорен со Бугарија ќе биде објавен, но овој процес е во рацете на Министерството за надворешни работи и очекуваме да биде презентиран од МНР како еден пакет на документи кои подоцна би оделе на расправа во Парламентот, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата на партиските работни групи во Клубот на пратеници.

„Апсолутно ништо не сме криеле, документи се објавуваат откако веќе ќе бидат во некаква фаза за да може да се дискутираат“, рече Маричиќ одговарајќи на прашање зошто не се објавува протоколот со Бугарија.

Според Маричиќ, целта на нашата земја е да се осигураме дека со европскиот предлог нема да имаме натамошни бескрајни блокади.

„Ако добро ги водиме преговорите можеме во наредните неколку години, до крајот на оваа декада да завршиме како членка на ЕУ“, нагласи Маричиќ.

По средбата Маричиќ сподели дека со партиските работни групи на средбата разменил идеи околу тоа како може во наредна фаза и Собранието и Владата да се постават за европскиот предлог.

„Иако имавме различни ставови по многу прашања, духот беше конструктивен и мислам е добро да има вакви средби“, изјави Маричиќ по средбата.

Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, како СДСМ и Влада, дека овој предлог ги задоволува или излегува во пресрет на очекувањата на нашата земја.

Дополнително, како што информира тој, предложиле текст со предлог заклучоци.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, изнесе и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.

„Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, дали вечер, утре или наредните денови постои желба да се разговара на оваа тема“, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот посочи оти ги објасниле и механизмите за заштита на нашиот национален идентитет.

„ВМРО-ДПМНЕ изнесе ставови кои ние веќе сме ги разговарале и во преговарачкиот процес, мислам ако продолжиме со разговори може да се надеваме на некакво поместување. Самиот факт што сме тука и ги отворивме ставовите, имаше и предлози од Павле Трајанов, имавме активно учество и од ДУИ и од Алијанса за Албанците, како опозициска албанска партија и мислам од сите актери имаше атмосфера во која треба да се продолжат разговорите, рече Маричиќ.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски по средбата изјави оти до сите пратенички групи испратиле нивни предлог-заклучоци, кои би требало да бидат усвоени во однос на информацијата што Владата треба да ја прати до Собранието.

„На седница во Собрание треба да се гласаат заклучоците и тие се во контекст на тоа која е наша стратешка определба и дека билатералните прашања треба да ги исклучиме од преговарачката рамка и да ја задолжиме Владата да ја имаат предвид определбата за посебноста на историските, културните, јазичните, образовните посебности на македонскиот народ. Очекувам за тие предлог заклучоци дека ќе разговараме деновиве. Ова е сериозен процес за државата, се решава, одлучуваме сите заедно во кој правец ќе се движи државата, носиме одлука за иднината на државата“, рече Митревски.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе