Министерот за правда за трагедијата со 14 жртви

Маричиќ: Ако власта сакаше да се меша во истрагата за пожарот во Тетово, немаше да повика германски истражители

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои што треба да ги испитаат сите околности, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Германските истражители, посочи Маричиќ, пристигнаа вчера и сите институции се ставија на рапослагање да помогнат во истрагата.

„Вчера вечерта беше свикан Кризниот штаб и сите документи се предадени на надлежните институции. Обезбедено е местото на настанот и сите предуслови за брза и успешна истрага ги имаат институциите, а ние како Влада сме заинтересирани час поскоро да излезат институциите со фактите, кои ќе помогнат за понатамошно постапување и извлекување научени лекции од овој трагичен настан“, изјави Маричиќ.

Прашан кој дал техничка согласност за пуштање во употреба на болницата, Маричиќ рече дека тоа е сосема надвор од неговите надлежности и нема информации за тоа.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе