„Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава мора да има правда, еднаква за сите. Само така може да се зголеми довербата на граѓаните во судството и во обвинителството, а кон тоа е потребна и разрешница на крупни судски случаи „за големите риби", истакна Маричиќ во рамки на Конференција по повод Меѓународниот ден на човековите права организирана од ЦИВИЛ.
Министерот оцени дека е потребно да се испита во колкава мера има заташкување или намерно застарување на судски процеси, нешто што како проблем е нотирано во повеќе меѓународни извештаи.
Исто така тој оцени дека остатоците од „сваровски судството" му прават штета на македонското правосудство и дека затоа е потребно да се одвојат „чесните од нечесните судии".
„Има светло на крајот на тунелот. Не случајно Европската комисија има зборови за проактивната улога на Судскиот совет, а се однесува особено на делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдување на дисциплинската одговорност и нивно евентуално разрешување", рече Маричиќ.