На гласање со фингерпринт или повторно со спреј

Маричиќ: Отпечаток од прст за изборите е влезен во законот, но прашање е дали е спроведливо

Треба да се турка процесот за гласање со отпечаток од прст и во јуни да се направи проценка дали е реално дека ќе може да се примени, но секако треба да се реализираат законските измени во делот на набавка на софтвер и на опрема, рече министерот за правда Бојан Маричиќ , додавајќи дека е неопходна „пилот"проверка пред ставање во функција.

Маричиќ во интервју за „360 степени“ објасни дека е тоа неопходно со цел со сигурност да функционира, а не да се случи дел во еден дел граѓаните на локалните избори да не можат да го остварат своето право на глас.

Маричиќ вели дека не е дилемата „дали да го има гласањето со отпечаток или да го нема", туку во сигурноста од реализацијата.

„Имаме нешто што е ставено во законот, меѓутоа од искуство се знае дека често одредбите не се доволни сами по себе, тие треба да се операционализираат. Работната група на ДИК заедно со Министерството за правда состави спецификација по извршени консултации со МВР. Состави детални норми поврзани со реалцизаија на оваа идеја за отпечаток со прст", рече министерот.

Тој додаде дека има една спорна точка која што не е расчистена, а тоа е која ќе биде алтернативата за оние избирачки места кадешто нема да може да се употребат времено или во текот на целиот ден на гласањето уредите за отпечаток од прст - дали да се сопре гласањето па да се повтори или пак да има алтернатива за со прскање со спреј.

Тој, на прашањето дали базата на отпечатоци којашто ќе се користи како референтна за споредување ќе биде локално присутна на компјутери во гласачкото место или ќе треба интерент врска за да се поврзува, одговори дека смета оти секаде нема да може со интернет врска.

„Мислам дека нема да може со интернет врска секаде, така што ќе мора да биде локално присутна базата, меѓутоа за таа база да се пренесе потребна е посебна процедура и посебен софтвер од МВР за која што е потребна набавка за да можат да го реализираат тоа. Бидејќи вака како што е сега не можат да направат трансфер на целата граѓанска база до ДИК. Без законска основа и без процедура за софтвер", рече Маричиќ.

Околу спроведувањето на пописот тој истакна дека е веќе отфрлено „неспроведувањето" и оти пописот веќе започна за дијаспората и за определени категории на граѓани, а од 1 април ќе започне за сите.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе