Маричиќ: Oд понеделник почнува пописот за одредени категории лица

Владата нема никаква скриена агенда во пописот, а неговата политизација и форсирањето негативна кампања, може само да креира тензии, рече вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Во гостувањето на ТВ Сител, тој испрати порака до сите граѓани и политички партии, дека не е доцна да се вклучат во спроведувањето на пописот, зашто, како што истакна, на државата и требаат реални бројки.

„Зошто да имаме тензии кога можеме да имаме резултат кој ќе ни помогне да ги планираме образованието, здравството, економијата,… Нам ни треба реална слика, не ни требаат ни повеќе Македонци, ни помалку Македонци, ни повеќе Албанци, ни помалку Албанци или кои било други. Ефектот од таква, да речам, политизација или негативна кампања кон пописот може да биде само нереална бројка, значи нереално малку луѓе од едната заедница или од едниот народ или од другиот народ“, нагласи Маричиќ.

Според него, сите диксуии требаше да завршат уште минатата недела кога земјава доби верифиакција од Евростат дека сите стандарди и законот и методологијата се согласно европските стандарди за попис.

„Мислам дека тоа треба да ги увери граѓаните дека Владата нема никаква скирена агенда во спроведувањето на оваа операција, дека навистина ни требаат податоците за секој град, за секое населено место, за секој човек, за секое домаќинство. Со најчесна намера пристапуваме, а и затоа на ДЗС како професионална институција и припадна честа или одговорноста да го спроведува пописот“, напомена министерот.

Негативните коментари, оцени, призлегоа од политизирањето на опозицијата со која имало неколку обиди за преговори.

„Јас изразувам жалење за тоа. Правев повеќе обиди и во Собранието и претходно пред да станам министер, а имало обиди за преговори со опозицијата и од други чинители од Владата, меѓутоа концептуално ни беа различни позициите. Опозицијата се залагаше за стариот концепт на пописот, оној што не успеа во 2011. Ние се залагавме за еден нов концепт што ќе ја направи што повеќе статистичка операцијата и што помалку политичка“, објасни Маричиќ.

Тој потсети дека од понеделник почнува пописот за одредени категории лица во воспитно-поправните домови, затворите, Армијата, дипломатите во странство и нивните семејства, бездомниците.

„Мислам дека од 1 до 31 март ќе треба овој процес да се заврши, а од 1 април до 21 април да почне за граѓаните“, рече министерот Маричиќ. 

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе