Во интервји за „Еурактив“

Маричиќ очекува тензиите со Бугарија „природно да се намалат“ по нивните избори

Тензиите меѓу Северна Македонија и нејзиниот источен сосед Бугарија, која ги блокира преговорите на Скопје за членство во ЕУ би требало  „природно да се намалат“ по изборите во Бугарија на 4 април, очекува министерот за правда Бојан Маричиќ.  

Во интервју за бриселскио портал „Еурактив“ Маричиќ вели дека со интензивен дијалог по бугарските избори може да постигнеме договор ако имаме вистинска подготвеност и волја за тоа и ако бараме решение што ќе се заснова на меѓусебно почитување, на рационалност, на европски вредности и на модерните концепти од 21 век.

На прашањето дали е добра стратегија да се чека исходот од гласањето, со оглед на тоа што се чини дека во Бугарија има меѓупартиски консензус за ветото против Скопје, Маричиќ рече дека „Северна Македонија треба да види кој е нејзиниот партнер во преговорите“.

Во интервјуто Маричиќ одговара и на прашањето за барањата за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е близок сојузник на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Тогаш, кога се случи ова, се согласивме дека и покрај силните разлики што ги имаме за овој конкретен случај, тоа нема да им наштети на нашите општи релации и можам да ве уверам дека досега тие односи беа на високо ниво“, вели тој.

Маричиќ исто така нагласува дека земјата е многу свесна за важноста на слободата на медиумите, и дека учи од времето кога Груевски беше на власт, и дека „затоа сме многу внимателни во однос на тоа што можеме да сториме и како ја следиме ситуацијата со медиумите финансирани од унгарски компании“.

„Значи, на ова не му пристапуваме со предрасуди. Бидејќи секоја странска инвестиција е добредојдена, без оглед дали доаѓа од Унгарија или од која било друга земја. Но, се разбира, тоа треба да биде во согласност со сите закони“, вели Маричиќ.

„Еуроактив“ потестува и на пописот, а за критиките од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски дека околу 130 илјади Бугари во земјата немаат право да се декларираат како Бугари на пописот, Маричиќ вели дека „е кажана очигледна невистина дека Бугарите нема да можат да се регистрираат на пописот, напротив, сите етнички групи… ја имаат истата шанса“ и дека на пописот од 2002 година само околу 1.500 луѓе од два милиони се изјасниле како Бугари.

Според Маричиќ, „многумина или повеќето од овие луѓе кои земале бугарско државјанство го сториле тоа од претежно економски причини затоа што тоа им дава шанса да работат во странство, во ЕУ, без никакви посебни одобренија или лиценци“.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе