За најавуваните промени во изборната регулатива

Маричиќ: Изборниот модел е потешкиот дел од разговорите меѓу партиите

Блиску сме до имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, потешкиот дел е конечна согласност за изборниот модел, особено во однос на изборот на градоначалниците, дали тоа да биде во првиот или во вториот изборен круг, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

Министерот за правда Бојан Маричиќ на конференцијата за „Изборни реформи во Северна Македонија" информира дека по иницијатива на Министерството за правда сите засегнатите страни седнаа на заедничка маса со цел да се најде модел по кој ќе се направи промената на Изборниот законик, соопшти Министерството за правда. Според министерот, со тоа се дава дополнителна вредност за демократијата и демократските процеси во земјата.

„До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме многу блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел", нагласи Маричиќ

Според него, генерално, меѓу сите политички партии има согласност за промена на изборниот модел, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, како што соопшти Министерството, истакнал оти верува дека партиите ќе продолжат и наредниот период уште поинтензивно и конструктивно да разговараат за ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе