Маричиќ и Брнз разговараа за Извршната наредба на Бајден за лица кои дејствуваат против демократските вредности

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, на која беа дискутирани модалитетите за соработка во рамки на неодамна објавениот Меморандумот за воспоставување на борба против корупцијата на САД, соопштија од Министерството за правда. Дополнително на средбата е разговарано и за Извршната наредба издадена од американскиот претседател Џо Бајден, за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.

 

Министерот Маричиќ ја потенцираше важноста на континуираната поддршка на САД и ја искористи средбата да ги презентира досегашните реализирани активности во рамки на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и ги најави и следните чекори во областа на борба со корупцијата кои почнуваат наскоро, меѓу кои и Проектот на ОБСЕ и ЕУ за мониторингот на случаи на висока корупција.

Извршната наредба издадена од претседателот Бајден наиде на огромна поддршка бидејќи во актот акцент е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Министерството за правда и на Владата на Република Северна Македонија.

„Останува нашето партнерство, продолжува соработката  и обостраната заложба во бескомпромисната борба против корупцијата, беа согласни министерот Маричиќ и амбасадорката Брнз“, соопшти Министерството за правда.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе