Маричиќ: „Едно општество за сите“ е политички концепт кој ја промени политичката слика во државата

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022", кажа дека „Едно општество за сите" е политички концепт кој ја промени политичката слика во државата во однос на хармонизирање на односите меѓу заедниците и дека самото носење на оваа стратегија покажа дека Владата навистина сака да се занимава со ова прашање.

„Ние се сеќаваме дека во претходни фази, претходни влади го користеле прашањето на меѓуетничките, меѓукултурните и други разлики како поле за политичка битка, политички провокации, политички манипулации и инциденти кои оделе на штета на граѓаните. Донесувањето на оваа Стратегија го смени просторот и атмосферата за делување и сметам дека е тоа еден сериозно позитивен чекор“, истакна Маричиќ.

Според него, овој концепт даде една нова вредност во политичкото дејствување и однесување, бидејќи на овие локални избори имаше коалиции што не сме ги виделе претходно, предизборни коалиции помеѓу партии коишто се од различна етничка припадност.

Маричиќ потенцираше дека има уште многу сериозни чекори што треба општеството да ги направи и апелираше до сите чинители активно да се ангажираат во креирањето на содржини за овој концепт и нивно спроведување.

„Само така ќе го чувствуваме сите овој концепт за свој, само така ќе дадеме придонес, само така ќе можеме и да го критикуваме таму каде што мислиме дека не е во ред или може подобро, и само така ќе оставиме едно убаво наследство за идните генерации, да можат веќе да го надградуваат тој концепт, наместо да го градат одново и да почнуваат од нула“, порачува Маричиќ.

Министерот нагласи дека институциите се фокусирани и на правната рамка, и на правичната застапеност, но и на внесување поинаков дух во образованието, културата, во односите меѓу младите, за препознавање на различностите, механизмите за надминување на конфликтите, борба против говорот на омраза, лажните вести и сè што може да придонесе за зголемување на меѓуетничките и меѓукултурните тензии во општеството.

Спроведувањето на Стратегијата се одвива според предвидениот акциски план и се очекува до крајот на наредната година таа целосно да се имплементира, соопшти Министерството за правда. 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе