Министерот за правда

Маричиќ: Довербата во судството мора да се врати и да се покаже дека може да биде независно

Има и мора да се најде начин да се сменат практиките и да се врати довербата во судството кај нас и да се покаже дека навистина може да биде независно, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ. Според него, размислувањата на граѓаните дека законот не важи еднакво за сите, се најголема мотивација за да се сменат практиките.

„Сметаме дека неколкуте клучни чекори и мерки кои ги предвидовме во Програмата на Владата и насоките кои ги добиваме од премиерот во мандатните писма се пат кој може да го отвори овој процес“, изјави Маричиќ  за ТВ Сител.

Тоа, како што рече, подразбира отворање на прашањето на прочистување и утврдување на потекло на имот на судиите преку Државната комисија за спречување на корупцијата, процес кој делумно е започнат, анализа на некои случаи во кои има еклатантни грешки и намерно задоцнување или, пак, од небрежност и потоа нивно застарување, но и проверка на случаите каде има непрофесионален однос или очигледно влијание.

„Нашата цел не е да го замениме судството или да ги споиме извршната и судската власт, но сметаме дека е должност на Владата во име на граѓаните да бара поотчетно, поодговорно и поефикасно судство“, рече Маричиќ.

Тој уште кажа дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) како институција го отвори процесот на отчетност и одговорност на правосудството, иако тоа што се случи таму ги поткопа очекувањата на граѓаните и затоа сега и Обвинителството и судството се должни да ја вратат довербата кај граѓаните.

„Немаме право и не можеме веќе да преговараме дали ќе се почитува законот или не. Клучната борба во овој период ќе биде борба за владеење на правото и Владата во тоа ќе биде бескомпромисна“, изјави Маричиќ.

Тој уште нагласи дека веќе има конкретна агенда за промена на некои законски решенија во делот на правдата за што, како што рече, е обезбедена и поддршка од ЕУ.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе