Онлајн средба со еврокомесарот за правда

Маричиќ до Рејндерс: Сите реформи ќе се прават во координација со ЕУ и под лупата на Брисел

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео-конференциска врска имал официјална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, со кого разговарале за евроинтеграциите на Македонија и реформите во областа на владеењето на правото и правосудството.

Маричиќ, како што соопштија од Министерството за правда, кажал дека и покрај сите премрежија, очекува првата Меѓувладина конференција за официјален почеток на преговорите со ЕУ да се одржи до крајот на 2020 година, а дека тој процес значително ќе влијае на развојот на земјата и темпото на реформите во сите области. На состанокот, Маричиќ ја реафирмираше својата подготвеност и заложбата сите реформските процеси од Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права да се прават во блиска координација и партнерство со ЕУ  и под лупата на Брисел.

Тој уште информирал дека е започнат инклузивен процес на средби и интензивна комуникација со сите засегнати чинители од правосудството, како Судскиот совет, Советот на Јавни обвинители, судовите и обвинителствата, како и релевантните комори, се со цел координација и усогласување пред предвидените реформи во правосудството.

Истовремено, како што кажал, тој во претстојниот период ќе се фокусира на реализирање на мандатната мисија и ќе иницира политики за зголемување на професионалните стандарди, одговорноста и транспарентност на судството и обвинителството.

 

 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе