Реакција

Маричиќ: Бугарскиот документ е унилатерален и нема правен ефект

Советот за општи работи на ЕУ на 24 март едногласно, а тоа ја вклучува и Бугарија, безусловно одлучи да ги отвори преговорите со Северна Македонија. Ваквиот заклучок на 26 март едногласно беше потврден и од шефовите на влади и држави во Европскиот совет. Текстот на заклучокот на Советот во делот на Северна Македонија не содржи ниту еден услов и тоа е јавно достапен документ.

Ова во изјава за МИА го потенцира техничкиот преговарач на земјава со Европската Унија, Бојан Маричиќ во врска со тоа дали бугарскиот документ кој во медиумите стана актуелен деновиве е препрека за почеток на преговорите со ЕУ или можеби да претставува евентуална препрека во натамошниот процес на итегрирањето на земјава во Унијата.

Маричиќ за МИА нагласи дека изјавата на Бугарија е доставена отпосле по усвојувањето на заклучоците, таа е унилатерална и нема правен ефект врз одлуката за почеток на преговорите.

„Изјавата на Бугарија вложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи претставува строго еднострана интерпретативна изјава, која не може да го исклучи или измени правниот ефект на одлуката за почеток на преговорите, ниту значењето и опфатот на заклучоците. Притоа, Бугарија во изјавата јасно се повикува на „свое разбирање“ на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и рефлектирајќи ја позицијата на нивниот парламент од октомври 2019 година“, појаснува техничкиот преговарач со Унијата.

Документот, нагласува Маричиќ, не значи автоматска блокада и прекин на преговорите уште пред нивниот почеток.

„Тоа не значи дека ние ќе можеме да го игнорираме прашањето на градење на трајно пријателство со Бугарија и со сите други соседи, но не значи автоматска блокада и прекин на преговорите уште пред тие да започнат. Самиот бугарски европратеник Андреј Ковачев вчера изјави дека овие прашање ќе треба да се разговараат и решат до нашето членство во ЕУ, а тоа е процес што ќе трае и ќе овозможи преку механизмите утврдени во Договорот за пријателство и добрососедство  да се постигне разбирање за овие прашања“, вели Маричиќ.

Тој нагласува дека принципот на добрососедски односи е еден од клучните принципи на ЕУ и очекувањата на македонската страна се тој да биде еден аспект на преговарачкиот процес, а блокадите не одат заедно со градење на пријателство и добрососедство.

„Затоа очекуваме активна соработка, взаемно уважување и многу добра волја и од наша страна и од страна на Бугарија во текот на преговорите. Бугарија е една од државите членки на ЕУ која најскоро се придружи на Унијата, па затоа како блиска соседна држава од неа очекуваме размена на искуства и помош. Секако ние ќе бидеме подготвени за отворен дијалог по сите отворени прашања во текот на преговорите за членство во ЕУ“, истакна Маричиќ.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе