Мари Брнз: Стратешкиот дијалог со САД не е замена за членството во ЕУ

Најавениот стратешки дијалог со САД нема за цел да го замени членството на Македонија во ЕУ, изјави вчера американската амбасадорка Кејт Мари Брнз откако пред два дена македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи најави дека на 2 јуни двете влади во Вашингтон почнуваат процес на стартешки дијалог како признание за нашите постигнувања воопшто, но и во односите со САД.

„Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале“, рече Брнз.

Стратешкиот дијалог треба да почне во јуни во Вашингтон, при што во фокусот ќе бидат повеќе теми и прашања, како надворешната политика, економија, инвестиции, одбрана, енергетика, култура.

Дијалогот е своевидно продолжение на меѓусебното партнерство што македонските и американските власти го потпишаа пред 14 години.

„Ова е дијалог што ќе се развива. Ова ќе претставува билатерална соработка, во која ќе се дефинираат областите за кои ќе се разговара.. Кажавме дека по зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имам еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока“, рече Брнз.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека на стратешкиот дијалог со САД се работело повеќе месеци, уште пред новиот владин состав што е под негово водство.

„САД нам ни се стратешки партнери, заедно со земјите од ЕУ. Дијалогот, нема да биде само во делот надворешната политика. Ќе биде и во делот на размената, економијата, инвестициите, во однос на снабдувањето со електрична енергија и други енергенси“, рече Ковачевски.

Пред два дена шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави: „Согласно одличната соработка со САД и силната поддршка која ни ја даваат континуирано, но и бројните иницијативи во сите општествени сектори, сметавме дека времето е созреано за подигнување на уште едно повисоко ниво во скалилото на односи, а тоа е изјавата за стратешко партнерство со САД да се преведе во процес на стратешки дијалог што ќе значи фокусиран процес на имплементација, приоретизирање, но и следење и мониторирање на тие односи, ставање во рамка на сите тие фрагментирани, бројни иницијативи меѓу нашите држави во еден фокусиран процес кој ќе се следи во рамки на овој стратешки дијалог“, рече Османи.

„МНР ќе го води тој процес на стратешки дијалог од наша страна, целата Влада ќе биде дел од тој процес во рамки на тематските прироитети кои ги определивме во овие разговори. Бидејќи во меѓувреме ние ги правиме подготовките има меѓуресорка работна група во која се вклучени министри од ресорите кои во овој прв процес што го почнуваме ги определивме како најважни – владеење на правото, политичките односи, антикорупција како еден сегмент, соработка во делот на одбраната, сајбер заштита, економска соработка, инвестиции, создавање на пазарна економија се разбира сорботка во делот на енергијата, и останатите теми во рамки на мултилаатералната соработка кои ги поделивме на тематски целини“, информира Османи.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе