ПО 12 ЧАСА НЕПРЕКИНАТИ ПРЕГОВОРИ

Маратонската бриселска „битка“ заврши без договор

„Разговорите беа отворени и детални, но сè уште не доведоа до конечен договор“, соопшти Европската комисија и додаде дека Европската Унија ги повикува сите страни - во интерес на нивната земја и нивните граѓани - без одложување да најдат траен политички компромис и да дадат конкретни предлози за оваа цел, врз основа на договорот веќе постигнат во Скопје на 2 јуни.

Според последните неофицијални информации, и по скоро 12 часа, лидерите не успеале да ги изедначат ставовите околу преодната влада. Дел од информациите што дојдоа од Брисел говорат дека Груевски се согласил претходно договорените избори (во април) да ги организира техничка влада, но таа да има мандат од 3 до 6 месеци пред изборите (тоа да биде решено со измени на Изборниот законик во насока дека лидер на владејачка партија не може да биде премиер во време кога се организираат избори), што би значело дека тој ќе остане на оваа функција уште извесен период.

Од друга страна, пак, иако му биле понудени министерствата за внатрешни работи, финансии и транспорт и врски, Заев не отстапувал од својата позиција актуелниот премиер веднаш да поднесе оставка и да дозволи преодната влада да има подолг мандат од 3 до 6 месеци, бидејќи, како што вели, потребен е подолг период за да се отстранат сите слабости што оневозможуваат фер и демократски избори.

Уште од лидерските средби во Клубот на пратеници повеќе информации упатуваа на тоа дека Ахмети и Тачи се поблиску до позициите на Груевски отколку на Заев, а се шпекулира дека и денеска ја задржале истата линија на дејствување, настапувајќи со став оти евентуалното брзо повлекување на премиерот може да ја дестабилизира Македонија.

Нема најава кога и каде ќе продолжат новите преговори.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе