МАНУ и го предложи новото име на Владата

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) предлага нејзиното ново име да гласи – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ. Предлогот е усвоен на денешната консултативна седница на која биле разгледани предлозите на Владата: Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ и Национална академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

„По обемна и конструктивна дискусија се заклучи да се упати мислење до Владата на Република Северна Македонија според кое мнозинството членови на Академијата го претпочитуваат името Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ. Академијата исто така истакнува дека таа не донесува одлука за преименување на Академијата, односно дека одлуката ќе ја донесе Владата на Република Северна Македонија, почитувајќи го утврдениот предлог на мнозинството членови на Академијата“, се наведува во соопштението.

Според академиците, задржувањето на референцата на државата, односно на кратенката МАНУ, како составен дел на новото име, има суштинско значење, бидејќи од една страна е поврзано со нашите идентитетски прашања, а од друга страна со ова решение отпаѓа потребата од промена на веб-адресата на Академијата – manu.edu.mk.

Од Академијата посочуваат дека уште пред шест месеци кога се одржала научна расправа во МАНУ за Спогодбата од Преспа и кога станало јасно дека ќе мора да го промени името, раководството на Академијата инсистирало при донесувањето на одлуката да се води сметка за тоа дека Академијата е препознатлива по придавската референца „МАНУ" и оти на веб страницата стои придавката manu, односно masa на англиски јазик. Исто така, се посочува дека Академијата е највисока институција од сферата на науките и уметностите, дека нејзината основна дејност се остварува во автономните сфери на општеството во која државата, според Уставот, има ограничени компетенции и дека станува збор за институција со поширок меѓународен углед.

„Ваквата аргументација беше во целост прифатена од Владата на Република Северна Македонија, а наиде на разбирање и кај грчката страна“, наведуваат од Академијата.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе