Манифест на македонски учители: Ќе станеме дрво без корен

Повеќе од 840 македонски интелектуалци ставија потпис на Манифест против францускиот предлог. Наставници, професори, лекари, научници, уметници, педагози и новинари, обединети под едно име – македонски учители, сметаат дека со предлог документот, македонскиот народ станува предмет на омаловажување и понижување.

Во Манифестот пишува дека со предлогот билатералните протоколи со Бугарија ќе станат составен дел од преговарачкиот процес, што македонскиот народ и македонскиот јазик ќе ги сведе на еднострана изјава, која нема важност пред институциите на ЕУ.

Интелектуалците се повикуваат на Повелбата и на Општата декларација на Обединетите Нации за човековите права и слободи, како и на Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи, а во духот на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ.

Со прифаќањето на предлогот, се предупредува во Манифестот, македонскиот народ ќе биде дрво без корен и ќе нема можност за изразување на својот континуитет во просторот и времето.

„Со овој предлог, уште пред да почне преговарачкиот процес, Македонците ќе бидат сведени на вештачки конструкт од 1944 година. Македонскиот јазик, според овој предлог, ќе биде историски непостоечки за ЕУ“, се наведува во Манифестот.

Во писмото интелектуалците се обраќаат и до македонскиот државен врв. Од власта бараат да не се согласи со промоција, на како што велат, етноцидните политики насочени против Македонија и Македонците, а легитимирани како „европски“ и „евроатлански интеграции“.

Манифестот содржи пораки и до европските водечки политичари.

„Жално е за еден претседател на Франција, земја на слободата и демократијата, ‘локомотивата’ на европските вредности да промовира вакви неправди“ се вели во пораката до Макрон, додека до претседателите на трите европски институции јасно се вели – „ако условот за влез во ЕУ е наметнување на понижувачки услови во еден непристоен предлог од една водечка земја во Унијата, тогаш  ние, македонските учители велиме НЕ!“, стои во Манифестот.

Во Манифестот се повикува на:

Обединување на сите прогресивни и демократски сили во Република Македонија во борбата против ретроградните и романтичарските идеи од минатото;

Почитување на волјата и сувереноста на македонскиот народ, а не ултиматумите како нелегитимно и недемократско средство;

Замрзнување на преговорите за членство во ЕУ, сè додека Република Македонија и македонскиот народ не добијат извинување за повредата на достоинството, суверенитетот, идентитетот и интегритетот;

Почитување на принципите на лингвистиката, историјата, географијата, културологијата како објективни науки, вградени во македонските национални дисциплини.

Неоткажување од македонскиот историски, културен и јазичен континуум.“

Меѓу потпишаните се и проф. д-р Гоце Цветановски, проф. д-р Веселинка Лаброска, д-р Катица Ќулафкова, проф. д-р Сашо Цветковски, проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачковска, проф. д-р Митко Панов, проф. д-р Наташа Котлар, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, проф. д-р Елка Јачева-Улчар, проф. д-р Иванка Василевска, проф. д-р Кита Бицевска...

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе