Манчевски во самоизолација, возачот и заменик министерот позитивни на ковид-19

Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, од денеска е во самоизолација откако неговиот возач и заменик министерот се тестирале и се потврдило дека се позитивни на ковид-19, објави Манчевски на Фејсбук.

„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.

Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на ковид-19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација.

Чувајте се и бидете здрави“, напиша Манчевски на Фејсбук.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе