Манчевски на маалска средба во Кисела Вода: Платите растат, трошоците се намалуваат

Ние како одговорна партија остануваме посветено да работиме на обезбедување подобар живот за граѓаните, затоа преземаме реални и вистински реформи кои ги враќаат парите назад кај граѓаните, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски кој заедно со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и други партиски членови беше на маалска средба со граѓаните на Кисела Вода.

„Растот на минималната плата на 12.507 денари и просечната плата над 3.5 отсто, новото зголемување на платите во образованието од 5 отсто, поголемиот опфат на граѓани од социјално ранливи категории и зголемената за 300 отсто социјална помош, намалување на невработеноста на историски најнизок процент досега од 17,5 отсто се само дел од показателите дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните преку реформите и мерките кои ги спроведува”, рече Манчевски.

Како дел од мерките преку кои директно се влијае на намалувањето на трошоците на граѓаните тој ги наведе укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа на електричната енергија, намалувањето на казните и воведување на  концепт на опомена, мерки преку кои се повеќе пари остануваат во семејниот буџет на граѓаните.

„Раст на минималната плата на 15.500 денари во периодот кој следува, но и субвенцијата на придонесите за пензиско, социјално и здравствено осигурување до 100 евра  директно ќе влијае на покачување на платите на граѓаните односно животниот стандард со цел просечната плата достигне 30 илјади денари до крајот на мандатот. 

Гаранцијата за млади обезбедува пракса, вработувања или доквалификација на младите. Само во три општини минатата година се вработија над 1.800 млади лица, а годинава очекувањата се за далеку поголеми”, додаде Манчевски.

Како последни од низата реформи за младите, Манчевски ги посочи  објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица за чијашто реализација се обезбедени 35.1 милион денари.

Ваквите маллски средби се дел од работните активности на СДСМ и начин преку взаемна комуникација да се слушнат и најдат решенија на потребите на граѓаните.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе