Манчевски: Борбата против дезинформациите веќе дел од нашите обврски кон НАТО

Хибридните закани, поврзани со информациите и заканите што влијаат врз политичките, територијалните и економските аспекти на една земја преку користење на информациите, дезинформациите, неинформирањето и медиумите се тема на расправа во рамки на втората „Тркалезна маса за лидери на високи позиции, хибридните закани поврзани со информациите" што од денеска наредните пет дена ќе се одржува во Охрид.

Во обраќањето пред учесниците на средбата министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски истакна дека хибридните закани се разновидни и постојано се менуваат, а за справување со нив неопходна е соработка и координација на многу државни институции. Тој нагласи дека државата моментално е во фаза на дефинирање на својата критична инфраструктура и организирање на нејзината одбрана. Македонските тимови заедно со партнерите од меѓународната заедница работат на справување со заканите, како дел од колективната одбрана.

„Хибридните закани се огромно и комплексно поле кое секојдневно се развива на нов и непредвлидлив начин, за што ги немаме сите одговори. Тука заедно со истакнати експерти, академици, правни експерти и практичари од високи нивоа во областа, ќе споделуваме размислувања, знаења и искуства за изнаоѓање соодветен одговор на новите закани“, рече Манчевски.

Тој рече дека се она што го прави Владата е со поддршка од партнерите да се зајакне отпорноста на заканите, но и не само да се одговара и реагира туку и да се поседува комуникациска стратегија, да се развиваат доверливи врски преку транспарентност што ќе доведе до побивање на лажните информации.

„Веќе имаме изработено комуникациска стратегија и стратегија за отворени податоци. Во завршна фаза е стратегијата за транспарентност, а се работи и за планот за борба против дезинформациите и лажните вести. За јакнење на капацитетите за сајбер-безбедност за прв пат имаме и стратегија со акциски план“, рече Манчевски уште ја нагласи потребата од континуирана поддршка на квалитетно и независно новинарство, независно формата во која тоа ќе евоулира.

Тој рече дека е потребно да се работи и на развивање на критичко размислување кај граѓаните, со цел секој поединец кој добива информација да може да ја процени нејзината валидност и нејзиниот извор.

„Борбата против дезинформациите не може повеќе да биде само предмет на јавни расправи, таа веќе е дел од нашите обврски кон НАТО“, рече министерот Манчевски.

Марк Лајти, директор на Секторот за комуникации при Врховниот штаб на НАТО-сојузничките сили во Европа (SHAPE), истакна дека Република Северна Македонија има посигнато многу во насока на својата безбедност и справувањето со евентуалните закани, но оти се уште има многу да се сработи.

Денеска безбедносните закани не се само авиони, тенкови, бродови. Предзвиците не се само во вид на конвенционално оружје, туку одбрана на нашите вредности од лажни информации, дезинформации, од заканите што ги претставуваат непознати извори. Затоа безбедносните прашања не се битни само за македонското општество туку за пошироката Северноатлантска заедница. Оваа конференција треба да ни овозможи да ги согледаме сите закани и да изнајдеме одговори како да се реагира на нив, рече Лајти.

Кога станува збор за конкретни примери на хибридни закани, Лајти рече дека постојат докази дека Русија на неморален и аморален начин постапува во светот, влијае врз избори во држави низ целиот свет, влијаеше и врз изборите во Северна Македонија и на референдумското изјаснување, така што претставува проблем со кој треба да изнајдеме начин се справиме.

За тоа како Македонија се справува со тој вид закани, Лајти рече дека државата одлично реагирала, преку изјаснувањето за промена на името и на тој начин да се обезбеди влез во НАТО.

„Имате постигнато многу, но кога имате јасен став каде сте, каде сакате да одите и го знаете проблемот, сметам дека мошне е полесно да се справите со него“, рече Лајти.

Конференцијата во Охрид се одржува во рамки на програмата Наука за мир и безбедност, во коорганизација на Владата на РСМ и на Министерството за одбрана на САД. На неа учествуваат лидери на високи позиции од над 20 држави од Европа, од САД и од НАТО. Организатори на тркалезната маса се Џорџ Мејсон Универзитетот (George Mason University) од САД, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево. 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе