МАН: ЗНМ работи во функција на СДСМ

Јавното објавување туѓи приватни телефонски разговори без потврда за автентичност и согласност на учесниците посочени во разговорот е кривично дело, како и масовно кршење на човековите права, на што неколку пати упати и меѓународната заедница и упати на институциите, како место за решавање на евентуалните проблеми, соопшти Македонската асоцијација на новинарите.

МАН смета дека објавените разговори од страна на СДСМ се употребуваат за партиски потреби, односно подигање на партискиот рејтинг на СДСМ на штета на законот и основните човекови права. Македонската асоцијација на новинари го осудува ваквото партиско манипулирање со јавноста која со кршење на законот се става во функција на партијата.

Од МАН велат дека ЗНМ повторно се става во функција на СДСМ како логистика за нивните партиски акции. „Тие протестираат затоа што се прислушувани новинари кои СДСМ ги посочи и етикетира како опозициски, со што новинарите од тој список ги стави, исто така, во своја функција. ЗНМ молчеше кога СДСМ и Заев објавуваа непотврдени разговори на други новинари кои, според СДСМ не се блиски на опозицијата, а реагира на најава на разговори блиски до СДСМ кои не се објавуваат јавно, за разлика од  другите новинари. И овојпат ЗНМ се става во функција на партиска политика, што за јавноста не е ништо ново“, велат од МАН.

За оваа асоцијација не е случајно и тоа што СДСМ и ЗНМ забораваат да и кажат на јавноста дека се работи за прислушување од нарачател, надвор од волјата и ингеренциите на македонските државни органи, за што постоеле и признанија на учесниците.

„Ова покажува дека се работи за организиран незаконски влез и напад врз македонската држава и приватноста на граѓаните. Во такви околности, во секоја држава, јавноста и државните институции заедно прават напори за решавање на ситуацијата, а не прават партиски профит на општата штета. Во најмала рака, срамно е и во ваква состоја ЗНМ да соработува со една партија, а на штета на целата јавност, а во полза на организаторите на незконското прислишување по порачка. Но, кога е ЗНМ во прашање, срамнот и јавниот интерес не се нивна грижа и тема“, соопшти Македонската асоцијација на новинари.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе