Реакција

МАН: Неопходни се промени во законите за медиуми и АВМУ за регистрација на порталите како медиуми

Македонската асоцијација на новинари (МАН) жали што врз грбот на новинарот Горан Трпеноски со последната судска пресуда се кршат копјата околу правната формулација/регистрација на електронските медиуми (портали). Судот во пресудата наведува факт - дека според законот, портал не е медиум, а вработените не се новинари, бидејќи здружението каде тој бил вработен не претставува издавач на медиум, се вели во реакцијата на МАН.

МАН во изминатите години повеќепати бараше и јавно се залагаше за регистрација на електронските портали како правни лица - медиуми во Законот за медиуми и во Законот за АВМУ, и како такви да бидат евидентирани во единствен регистар на медиуми под капата на Агенцијата за АВМУ.

„За жал, наидовме на остро спротиставување од ЗНМ и дел од невладиниот сектор по ова прашање, дури и кога повикавме да се прочисти нивниот регистар на медиуми, каде членуваат и портали чии издавачи се невладини организации, што не е случај со регистарот на ИАБ Македонија.

Сега за жал, на дело ги гледаме последиците од правната несигурност во која функционираат и работат многу професионални новинари во новите дигитални, електронски медиуми, односно портали.

Ја повикуваме Владата, политичките чинители и ЗНМ активно да ги поддржат измените кои ги предлагаме во законите за медиуми и аудиовизуелни услуги, со кои ќе се утврди правна регистрација на порталите како медиуми, со што ќе се овозможи правна сигурност и професионално извршување на професијата новинар во медиум, а единствениот регистар на медиуми да го води Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, во чие изготвување и прочистување активно ќе учествуваат МАН, ЗНМ и ИАБ Македонија“, се вели во соопштението на МАН.

Вчера судот ја одби тужбата на новинарот Горан Трпеновски за спречување на информирање на јавноста и за оштетно побарување поради загрозеност на безбедностa и животoт за време на насилниот упад во парламентот од 27 април. Образложението на Основниот граѓански суд е дека Трпеновски не бил новинар бидејќи работел во онлајн медиум.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе