Реакција

МАН: Нема повлекување текстови, тужете го премиерот Зоран Заев и Боки 13

Македонската асоцијација на новинари МАН бара од своите членови да не подлегнуваат на притисоци и закани, и да не ги повлекуваат текстовите кои се однесуваат на аферата „Рекет". Секое објавување текстови во однос на оваа афера е заштита на јавен интерес каде се пишува и опишува само работа на државни функионери, соопшти МАН.

„Премиерот Зоран Заев завчера ги повика новинарите слободно да објавуваат, а кога тоа го сторија, се заканува со тужба против новинар кој објавил документ за аферата 'Рекет', каде е наведено и неговото име.

МАН е известен дека и останатите функционери наведени во документот од сослушувањето за 'Рекет', вршат јавен и директен притисок и ја ограничуваат слободата на медиумите“.

МАН ги повикува овие функционери да го тужат премиерот Зоран Заев од чиј тим се дел, бидејќи токму тој ги повика новинарите и медиумите (во неколку наврати) слободно да известуваат и информираат, вклучително и за аферата 'Рекет'.

„Ниту еден медиум или новинар на кои ѝ се заканувате, не ве запозна со Боки 13, не ве тераше да потпишувате меморандуми за фиктивни старечки домови, не ве тераше да се сликате по заеднички вечери со него, не ве тераше да станете членови на менаџментот на Меѓународен сојуз, не ве тераше да учествувате во неговите нелегални активности, не ве тераше да молчите за рекетот. Тоа е исклучиво ваша активност (законска или незаконска) а медиумите известуваат за последиците од тие ваши заеднички активности. Оттука, МАН ве повикува да си го тужите Боки 13 што ве вовлекол во најкриминалната афера во историјата на независна Македонија.

Што се однесува до ОЈО и заплашувањата дека е кривично дело објавувањето документи од јавен интерес, дека не се почитува презумција на невиност и се загрозуваат животи на лица од истрагата, треба да се потенцира дека документите и снимките за случајот 'Рекет' се од јавен интерес, бидејќи станува збор за најголемата криминална афера во независна Македонија, во која учествуваат лица од врвот на власта, СЈО и судството. Го потсетуваме републичкиот обвинител Љубомир Јовески дека токму тој на последната прес конференција изјави дека немало инолвирани политичари во случајот 'Рекет'. А записникот го покажува сосема спротивното. Ја прашуваме обвинителката Вилма Рускоvска зошто не реагираше кога се објавуваа секакви детали по медиумите за случајот 27 април. Аудио разговори и документи за истраги од Катица Јанева со години се објавуваа по медиуми блиски до СЈО и СДСМ, за кои никогаш ниту еден обвинител од СЈО јавно не реагирал.

Наместо ОЈО да објаснува за пресумpција на невиност, треба да ја прашате обвинителката Рускоvска, бидејќи на нејзина прес-конференција осомничен се шета со лисици на раце пред десетици ТВ камери за случајот 'Рекет'.

Самиот премиер на прес конференција кажа дека од медиуми чита одлуки и информации пред да ги објави самото обвинителство.

Заканите за тужби и острата реакција на ОЈО е само продолжение на владиниот акциски план за контрола на медиумите, особено на интернет медиумите“, се вели во реакцијата на МАН на најавите на премиерот и неговите министри за тужби за клевети против новинари.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе