Mалолетници палеле контејнери во Тетово

Tројца малолетници ќе одговараат за намерно палење контејнери во текот минатиот месец во Тетово, информираат од полицијата. За нив се поднесени кривични пријави за три дела.

„Секторот за внатрешни работи Тетово ja расчисти серијата пожари на контејнери кои се случија минатиот месец во Тетово и изготви соодветен поднесок (известување) до Основното јавно обвинителство Тетово против тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години од Тетово, а поради сомнение дека  сториле три кривични дела: „предизвикување општа опасност", „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија" и „загадување на животната средина и природа", казниви по членовите 288, 206 и 218 од Кривичниот законик“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Тројцата тетовски малолетници на 18 и 28 април годинава во вечерните часови предизвикале пожар на неколку контејнери на улиците „Благоја Тоска", „107" и „Илинденска" во Тетово, прекршувајќи ја при тоа и забраната за движење. 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе