Малинка Ристевска-Јорданова: Францускиот предлог ќе продуцира криза

Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика, која долги години ги следи и анализира евроинтегративните процеси, по одобрувањето на францускиот предлог во Собранието на Македонија, а потоа и од страна на Владата, порача дека тоа е опасен преседан и дека ќе продуцира долгорочно криза.

„Мнозинството во македонскиот парламент ги надгласа пратениците етнички Македонци за францускиот предлог, кој ги наметнува идентитетските прашања кои ги бара Бугарија. Тоа е опасен преседан, поддржан од Европската Унија и веќе ги доведува во прашање темелите на македонскиот уставен систем и поттикнува долгорочна криза", напиша преку Твитер Малинка Ристевска-Јорданова.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе