Во колумна

Малески: Заев е во право - ревизија на историјата врз факти

Заев е во право, зашто од аспект на меѓународната политика, Бугарија има потенцијал да стане наш (нај)важен стратешки партнер на Балканот. Згора на тоа, една мала земја како нашава и нема избор во Европа без граници освен да се отвора кон соседите, вели Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи и актуелен советник на македонската страна во преговорите во колумна за Плусинфо, која денеска ја пренесува бугарската агенција БГНЕС.

Иако веќе ја нема, од југословенската приказна се роди македонската држава. После столетно колебање дали постои или не постои македонската нација, беше прогласено нејзиното раѓање од страна на македонските и југословенските комунисти. Тогаш почнува нашата најнова историја и од неа нема да се откажеме зашто тоа би значело да се откажеме од себеси и да предизвикаме повторно посегање на околните држави по нашата земја и нашите души. За друго треба да бидеме спремни да разговараме и во светлината на новите факти да го менуваме мислењето. Таков ревизионизам на историјата кој почива врз нови факти, нови откритија и нови докази ѝ е потребен на секоја демократска земја која сака да живее во вистина. Потребен ѝ е и на Македонија чија историографија мора да се усогласи со светскиот и европскиот наратив за македонската нација, вели меѓу другото Малески во колумната за Плусинфо, која денеска во целост ја пренесува бугарската агенција БГНес, која неделава го реализираше интервјуто со премиерот Заев..

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе