За ТВ Телма

Малески: Очекував Грците да бидат потврди за идентитетот, јазикот и нацијата

Ова што го добивме ги надминува дури и моите очекувања. Очекував дека Грците по прашања поврзани за идентитетот, за името на јазикот и на нацијата дека ќе бидат многу потврди, изјави првиот министер за надворешни работи на Република Македонија Денко Малески во интервју за ТВ Телма. 

Тој кажа дека лично се изненадил од нашите преговарачи кои успеале да сочуваат јазикот да се вика македонски, макар, како што рече, со ѕвездичка која објаснува дека тоа е еден од словенските јазици и дека нацијата е Македонци. 

„Верував дека Грците се во таква позиција да наметнат она што одамна инсистираа, латиница, без превод на други јазици”, рече Малески, кој смета дека треба да се поддржи храбриот обид да се излезе од оваа ситуација и да се сврти една нова страница. 

Според него, Грците од сето ова научиле една лекција, дека постои една друга вистина за Македонија. 

Малески смета дека намерно е направено во Грција да не се оди на референдум бидејќи, како што рече, постојат добри шанси тој да не успее. 

„Со оглед на фактот дека Грција не го менува името, туку ние го менуваме, редно е народот да се повика”, рече Малески. 

Тој има и забелешка на сегашната Влада што немаме своја приказна, нарација која, како што рече, мораме да ја објасниме, да ја кажуваме и да се убеди народот дека треба тој чекор да се направи. 

Поранешниот амбасадор Огнен Малески смета дека постои разногласие во државниот врв за договорот за името. 

„Тоа уште повеќе ја распалува јавноста и поделбите кои веќе почнаа да се одвиваат преку социјалните мрежи, меѓу пријатели, роднини... Тоа не е добра атмосфера кога е потребен разум и свест, а не емоции. Да видиме како ќе тргнеме понатаму”, рече тој. 

Малески додаде дека лично договорот го доживува како едно горчливо апче кое треба да се испие, очекувајќи дека ќе биде подобро и дека компромис треба да се направи. 

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе